ОМИЛЕН ЛЕК НА НАШИТЕ БАБИ: Ако ве ГРЕБЕ ГРЛОТО се што треба да направите е да ја сварите ОВАА состојка!

Пристигна есента, а со променливото и често студено време, како и престојот во затворени простории, се создадоа услови за чести настинки.
Симптом на настинка што најмногу не иритира е гребење во грлото (пецкање, болка, тешкотии при голтање) и може да трае со денови.

Гаргара со солена вода
Ако немате бактериска инфекција или страдате од сезонски алергии, тоа е многу веројатно пад на имунитетот. Престојот во затворени простории и во простории со чад, исто така, може да предизвика болки во грлото.
Како тогаш да се ослободите од иритација на грлото? Одговорот е многу едноставен и е во вашата кујна.
Нашите баби и дедовци одамна ги открија лековитите својства на солената вода, особено кога станува збор за болки во грлото. Она што нашите предци го знаеја, подоцна беше потврдено со медицината.


Солената вода го ублажува непријатното чувство на гребење и болка со навлажнување на иритираната слузница.
Рецепт за плакнење на грлото:
Во 2 дл зовриена и изладена вода, додадете лажичка морска сол (не може да се користи ниту една друга сол освен морска) и мешајте додека не се стопи целосно. Исплакнете го грлото неколку пати на ден, а по испирањето, обидете се да не јадете или пиете барем половина час.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …