Официјално е: 14-годишната Ема од Иваниќ-Град (со македонско потекло) влезе во финалето за престижната награда

Ема Донев од ХРВАТСКА (со македонско потекло) влезе во финалето на светскиот натпревар на млади научници Breakthrough Junior Challenge.
Тоа беше потврдено и на официјалната страница на натпреварот, каде Ема беше означена како „врвна во народното гласање“.


Хрватска, Македонија и други земји од регионот обезбедија вкупно 156.100 лајкови за Ема на видеата на YouTube и Facebook, додека второпласираниот Абел собрал вкупно 151.900.


Победникот добива стипендија за саканиот колеџ
Потсетуваме, 14-годишното девојче од Иваниќ-Град ја освои Хрватска со својата љубопитност, знаење, иницијатива и животна желба да стане астрофизичар.
Со напорната апликација за Breakthrough Junior Challenge, Ема направи се’ што можеше сама бидејќи стручното жири ја избра нејзината работа меѓу 30-те најдобри од дури 2.400 кандидатски апликации од целиот свет. Но, само лајкови можеа да ја доведат до победа, па деновиве цел регион се собра да и помогне да го оствари својот сон.

Ема беше единствениот претставник од Хрватска и Европската Унија.
Во финалето кое ќе се одржи во Сан Франциско, познати светски научници ќе изберат – победник кој ќе освои стипендија за посакуваниот колеџ во износ од 250.000 долари, како и реновирање на училиштето што го посетува во вредност од 100.000 долари. Победникот ќе го избере и наставникот кој го инспирирал и го поттикнал неговиот интерес за науката, а наставникот ќе биде награден со дури 50.000 долари.


Фото: Ема Донев

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …