Моден викенд Скопје ја донесува пролетта:„Што ја храни твојата имагинација?“

Моден викенд ја објави сатницата на програмата за тридневните случувања во универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје

Седумнаесеттиот Моден викенд Скопје од 30. март до 1. април ќе биде домаќин на најновите дизајнерски колекции, во една од најстарите културни установи во Македонија, Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“-Скопје.


Сезоната пролет-лето под слоганот „What feeds your imagination“ ќе ја отвори ревијата на дизајнерите Роберт Ивановски и Евгенија Зафировска со колекцијата „Архитектура во движење.“


Вечерта ќе продолжи со авангардната колекција на „КALI ROSE by Katarina Luka“ надополнета со аксесоари. Потоа ќе следува ревијата на „Zana Aliu showroom“ и колекцијата „Red&The spectrum“.

Истата вечер за прв пат ќе можете да ја погледнете и ревијата на „Fingerprint“ и нивната колекција “Macedonian beauty”.


Втората вечер ќе започне со заедничка ревија на студентите од Факултетот за арт и дизјан при ЕУРМ, наречена „Text me“ за пролет-лето 2018.
Потоа публиката ќе ги види колекцијата на „BERNASARACI“ од Косово наречена „0000“ и најновото од „Atelier Kocareva“ односно новите модели наречени „Boundless“. И за крај на вечерта креациите на „Pallada“ и колекцијата „El sueno“.
Последната вечер на Моден викенд Скопје пролет-лето 2018 ќе се одржи на 1 април и ќе започне со ревијата на младата дизајнерка Сара Реџиќ која го потпишува брендот „Sari Gi“. За прв пат на Моден викенд Скопје „Atelier Magdalena“ ќе ги претстави креациите од колекцијата „Будење“.
Јагода Пачемска од арт-студиото „Фа-Бу“ со перформанс ќе прикаже нови уникатни креации изработени од свежо цвеќе.
Седумнаесеттиот Моден викенд Скопје ќе се затвори со ревијата на Олгица Ѓоргиева и нејзината колекција за пролет-лето 2018.
За време на тридневниот настан ќе бидат изложени девет креации на студентите од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет кои веќе беа прикажани во Францускиот институт во Скопје. Студентите работат на тема инспирирана од француската кинематографија, под менторство на Лидија Георгиева – професор и дизајнер.
Најновата колекција на луксузниот македонски бренд „DIAS“ специјализиран за производи од кожа: Чевли, чанти, торби за патување и останати кожни додатоци, ќе биде достапна за посетителите во текот на целиот настан.
Извонреден викенд за сите вљубеници но и модни ентузијасти.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …