Ноќта пред да почине, Аки разговарал со својот син, кого своевремено го напуштил

Пејачот Кристијан Рахимовски, синот на ненадејно починатиот Аки Рахимовски, кој не напушти во 67. година, го скршила веста за заминувањето на неговиот татко.
Татко му му бил неговата најголема поддршка во животот, а страшната вест ја дознал така што му ја соопштила животната сопатничка на Аки, Барбара.

Како што дознава Večernji.hr од извори блиски на Кристијан, двајцата се слушнале и претходната вечер, како и секој ден, не сфаќајќи дека тоа е последен пат. Таа вечер, Аки му повторил на својот син да се грижи за себе и за своите најблиски поради пандемијата.
„Гледаш дека короната лудува, само внимавај на здравјето, немој да пушиш, внимавајте на себе и всвоите“, му рекол на Кристијан Аки ноќта пред да почине.
Наредниот ден со партнерката Барбара и нивната ќерка отишол на патување во близина на Ново Место, каде му се слошило. Таа веднаш повикала брза помош, но, за жал, кога дошле лекарите веќе било предоцна.
Причината за смртта се уште не е позната.
Инаку, Аки го оставил синот кога Кристијан имал само три години. Како што кажал во едно од интервјуата, Кристијан му простил на својот татко.
„Му простив на татко ми за сè, но тоа нема никакво влијание врз тоа каков татко ќе бидам за моите деца затоа што сум свој човек“.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …