Нема државни пари за лични кариери:Стоп од Министерството на култура за 36.000 илјади евра за Ристо Бомбата,27.000 евра за Дарио, Принц, Али Бајрам…

По објавувањето на листата од страна на Македонската радио-телевизија за субвенционирани песни според која Ристо Бомбата ќе земе 36.000 евра, а по 9.000 евра ќе земат Дарио, Али Бајрам и Принц, имало реакција од Министерството за култура.
Министерството за култура одамна најави дека ќе се укинува Законот за поддршка на домашната музичка продукција, а денеска испратиле инспекција во МРТВ. Нивната проверка покажала дека се пробиени роковите за носење на одлуките за субвенционирање на песните и дека согласно на тоа, овие одлуки треба да бидат поништени.
Ристо Бомбата требало да земе 36.000 евра по овие основи: Кристијан Габроски е автор на композиции што вкупно добиле 36.000 евра. Тој е автор и на една од двете наградени песни во категоријата „Композиции со кои се афирмираат семејните вреднисти во општеството или многудетните семејства“.
Министерството за култура го предупредило раководството на МРТВ дека се соочува со кривична одговорност заради незаконските одлуки. Тие велат дека со ова се создава штета на буџетот на земјата. Исто така го предупредиле раководството на МРТВ дека дополнително ќе го прекршат законот ако склучат договори со авторите на песните. Министерството нема да одобри исплата на средства за избраните композиции. Тие истовремено почнале да вршат детална проверка на претходните конкурси.
Жирито на последниот конкурс за субвенционирање на македонската музика го предводеше Константин Карев, а за спонзорство одлучуваа Бекир Алиу, Панче Илиев, Благоја Здравковски и Деан Ќурчиев.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …