Недела на словачки филм во Кинотека на Македонија

НЕДЕЛА НА СЛОВАЧКИ ФИЛМ е навистина ретка можност за македонската филмска публика да добие суштински увид во историјата на една релaтивно блиска кинематографија, како словачката. Како што кажува и името на ретроспективата, тоа е селекција на класици на словачката кинематографија од периодот на комунистичка Чехословачка. Станува збор за филмови кои се репрезентативни за развојот на словачкото кино, кои оставиле огромно влијание врз современите словачки филмски автори или се стекнале со култен статус. Оваа ретроспектива е разновидна и возбудлива селекција на филмски лектири. Вклучува филмови од различни видови и жанрови (играни, документарни, анимирани и кратки филмови).

Програма:


Сабота 23.3 / 20:00
ДОЈДИ КАЈ НАС СТАР ШАТЕРЛАНД (1966, Душан Ханак)
СЛИКИ ОД СТАРИОТ СВЕТ (1962, Душан Ханак)

Понеделник 25.3 / 20:00
ПРОМОЦИЈА (1968, Виктор Кубал)
СЛУЧАЈОТ НА КОС БАРНАБАШ (1964, Петер Солан)


Вторник 26.3 / 20:00
КРСТОПАТИ (1965, Ладислав Куделка)
КЛУЧНИ ГОДИНИ (1967, Јурај Јакубиско)

Четврток 28.3 / 20:00
МИСТЕРИОЗНИОТ ДЕДО (1943, Виктор Кубал)
БАНДИТОТ ЈУРКО (1977, Виктор Кубал)


Петок 29.3 / 20:00
ДВА ДОБРИ ПРИЈАТЕЛА (1972, Виктор Кубал)
НОЌНИ ЈАВАЧИ (1981, Мартин Холи)

Ревијата е организирана со помош на Словачката Aмбсада во Скопје и Словачкиот Филмски Институт.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” е отворена изложбата “Пиктограми” од Светлана Попова и Марија Штерјова

Во ликовниот салон од ЦК”Марко Цепенков” во Прилеп синоќа 26.04.2024, е отворена изложбата “Пиктограми” од …