НАША СТВАРНОСТА – 26. години работел како професор со лажна диплома

Наставник стар 55. години дури 26. години предавал во едно средно училиште во Вараждин, која самиот ја направил.
Во школото работел од 1993. до мај 2019. година, а се сомнева дека лажната диплома ја направил во јуни 1992. година.
Се открило дека лажната диплома од еден факултет во Загреб самиот ја испринтал на својот компјутер. На дипломата пишувало дека се здобил со стручна спрема на седми (VII/I) степен и стручен назив на дипломиран инженер, иако на истиот факултет се здобил со стручна спрема од шести (VI/I) степен и стручен назив инженер.
Откако школото открило дека дипломата е лажна го пријавиле во полиција, која покренала истрага.
Против него потоа е поднесена кривична пријава поради фалсификување исправа.
Инаку во Хрватска досега се откриени 27. лажни дипломи на професори, а министерството за образование и полицијата ги „проверуваат“ сите дипломи од последните 29. години.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот поранешен борач, освојувач на два бронзени медали на Олимписките игри Шабан Сејдиу

Шабан Сејдиу е роден е на 6 мај 1959 година во Блаце, општина Чучер-Сандево, Скопје. …