Најзастрашувачкото лице на вестерн филмовите ја загубило битката со ракот

Актерот, кој често играше страшен човек, како во филмовите наградени со Оскар „In the heat of the night” и „Unforgiven”, починал од рак. Имал 77. години.


Медиумите наведуваат дека актерот починал на 26. мај, а семејството сега издало соопштение за печатот.
Ентони Џејмс имаше кариера во уметноста која траеше пет децении, фокусирајќи се на глума во неговите рани години, за подоцна да се префрли на пишување и сликање.
Џејмс влегол во филмската индустрија како Ралф, намуртен вработен во ресторан за вечера во„In the heat of the night” во 1967 година, кој подоцна освои Оскар за најдобар филм.


Ова го зацементира Џејмс во улогите на морбиден и непријатен лик во текот на неговата кариера.
Во неговиот последен филм, вестернот„ Unforgiven“ од 1992. година, во режија на Клинт Иствуд, тој го играше Скини, сопственик на бордели. Овој филм исто така освои Оскар во категоријата за најдобар филм.
Џејмс тогаш се повлече од глумата и почна да се фокусира повеќе на пишувањето и уметноста.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …