На денешен ден е роден тапанарот и еден од основачите на Металика – Ларс Улрих

Ларс Улрих е роден на 26 декември 1963 година. Тој е американски музичар и тапанар со дански корени. Заедно со Џејмс Хетфилд, тој е еден од основачите на Металика. Роден е во Гентофте, Данска, во семејство од средната класа.

Како млад активно играл тенис, а негов татко е поранешниот професионален тенисер Торбен Улрих. Летото 1980, на возраст од 16 години се преселил во Лос Анџелес (Калифорнија) како би ги продолжил тренинзите. Но, во тие години ја засакал музиката, особено ударните инструменти, па така започнал да вежба на тапани. Објавил оглас во еден тамошен весник дека бара членови за хеви метал бенд, па така го запознал Хетфилд со кого ја формирале Металика.


Во 1981 година во гратчето Дауни (Калифорнија) со Џејмс Хетфилд ја основале Металика. Името Металика го измислил неговиот пријател Рон Кинтана, кој барал имиња за хеви метал бенд. Негови идеи биле „Металика“ и „Метал Манија“, а Ларс го убедил да го земе второто, како тој би го искористил Металика за својот бенд. Во метал заедницата бил познат како пионер на брзите треш битови, кои ги применувал во многу песни, меѓу кои „Metal Militia“ од албумот Kill ‘Em All, „Fight Fire with Fire“ од Ride the Lightning, „Battery“ и „Damage Inc“ од плочата Master of Puppets, како и „Dyers Eve“ од …And Justice for All. Тој бил признат и влијателен тапанар и поради популарноста на Металика и поради користењето на техниката „дупла папуча“ во песните „One“ (…And Justice for All) и воведот од песната „Enter Sandman“ (Metallica).

Со издавање на албумите Load и ReLoad тој ги упростил своите музички шеми, а неговиот сет го намалил од 9 на 7 ударни инструменти. Ритамот на тие песни бил со смален интензитет, а ударите побавни и постегнати. Неговиот глас може да се слушне на почетокот од песната „Leper Messiah“ (Master of Puppets) каде на дански одбројува од еден до четири. Исто така говори и во видео записот за песната „St. Anger“.


Бил рангирани на 5. место во изборот на That Metal Show за 5-те најдобри тапанари на сите времиња. Кога Металика беа примени во Рокенрол куќата на славните (2009), Улрих станал првиот Данец кој ја понел таа почест. Инаку Ларс кај обожавателите ужива имиџ на шеговит и весел карактер, кој често знае да каже некоја итра и духовита досетка.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …