На денешен ден е роден хрватскиот MMA борец Мирко „Cro Cop“ Филиповиќ

На денешен ден во 1974 година во Винковци (Република Хрватска) е роден хрватскиот боксер, ММА борец, кик-боксер и К-1 борец Мирко Филиповиќ. Основно училиште и гимназија завршил во родното Винковци, а по завршувањето на гимназијата оди во Загреб каде се запишува на полициската академија, а потоа работи во специјалната антитерористичка единица на хрватската полиција, поради што го добива прекарот „cro cop“ (хрватски полицаец).

Во својата кариера има 38 победи и 11 порази. Во 2006 година го освојува Pride Grand Prix, а во 2007 потпишува за UFC. Својот детски сон го исполнува во 2013 година кога во Загрепската Арена го освојува K1 World Grand Prix со што станува втор човек кој успеал да ги обедини титулите во K-1 и MMA.


Во 2019 година, поради здравствени причини става крај на својата богата кариера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …