На денешен ден е роден еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Пеле

Едсон Арантес до Насименто бил роден на 23 октомври 1940 година. Попознат како Пеле — бразилски фудбалер, кој во негово време, најверојатно, бил најславниот спортист во светот.

Пеле станал член на фудбалскиот клуб Сантос во 1956 г. и го предводел тимот до светското клупско првенство во 1962 год. Во 1969 год. за време на неговиот 909-ти натпревар, тој го постигнал својот 1.000-ти гол. Пеле ја комбинирал неговата сила за удар и прецизноста со извонредната способност да ги предвиди чекорите на другите играчи.


Во 1975 год. Пеле станал член на „Космос“ од Њујорк во Северноамериканската фудбалска лига (NASL). Тој се повлекол од фудбалот откако го однел тимот во лигашкото првенство во 1977 год. Во 1978 год., Пеле ја добил меѓународната награда за мир, а во 1980 год. бил прогласен за спортист на векот.

Пеле бил дел од три бразилски државни репрезентации, кои станале светски прваци (1958, 1962 и 1970).


Во ноември 2014 г., на возраст од 74 години, Пеле бил задржан во една болница во Сао Паоло, поради болки во стомакот. Поради тоа била откажана промоцијата на неговата книга, што требало да се одржи во неговиот роден град, Сантос. Починал на 29 декември 2022 по тешката борба со ракот на дебелото црево.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …