На денешен ден беше родена легендата на македонското падобранство Нада Ицева-Салџиева

Нада Ицева-Салџиева е родена на 18 декември 1934 во селото Павлешенци, Светиниколско. Таа беше најуспешната македонска падобранка во женска конкуренција и падобрански инструктор.

Првенството на Југославија го освоила пет пати (1956, 1958, 1959, 1960, 1964), а како репрезентативка на Југославија учествувала во Светскиот јадрански куп во Тиват (1957 и 1959) и Порторож (1963), како и државниот тримеч во Софија (1957) и во Букурешт, една година подоцна.


Нада Ицева има изведено преку илјада падобрански скокови. Победник е на повеќе меѓународни падобрански купови и е републички рекордер во женска конкуренција во сите падобрански дисциплини. Добитник е највисокото признание на ФАИ – Меѓународна воздухопловна федерација „Златна мечка со три дијаманти“.

За најдобар спортист на Македонија била прогласена во 1956 година. Беше членка на Аероклубот од Скопје и својот работен век го помина како инструктор по падобранство.


Нада Ицева-Салџиева починала на 15 септември 2005 година во Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …