На денешен ден беше роден доајенот на македонскиот театар и филм Љупчо Петрушевски

Љупчо Петрушевски беше роден на 9 ноември 1945 година во Скопје. Тој е македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Љупчо Петрушевски, доајен на македонскиот театар и филм. Дипломира на отсекот за глумечка игра на Факултет за драмски уметности – Скопје, како дел од првата генерација дипломирани глумци. Целиот работен век од 1966 година до пензионирањето го поминува во Македонски народен театар во Скопје.


Во период од 1983 до 1988 година ја извршува функцијата директор на Драмата на Македонски народен театар, а потоа од 1988 до 1999 година е директор на Македонски народен театар. Повторно е директор на Драмата во период од 2004 до 2006 година.

Глумел во голем број на филмови и серии: Малјва ТВ-филм, Вујковиот сон ТВ-филм, Прва вечер ТВ-филм, Волшебното самарче ТВ-серија, Сослушување на железничарот ТВ-филм, Нели ти реков ТВ-филм, Наши години ТВ-серија, Милион маченици ТВ-филм, Слана во цутот на бадемите ТВ-филм, Јужна патека ТВ-филм, Илинден ТВ-серија, Записник ТВ-филм, Лет во место ТВ-филм, Другарувања ТВ-серија, Нели ти реков ТВ-филм, Јуначко колено ТВ-серија, Од зад грб ТВ-филм, На наш начин ТВ-серија, Трговецот од Солун ТВ-филм, Сомнително лице ТВ-филм, Климент Охридски ТВ-филм, Ѕвездите од 42-та ТВ-филм, Народни трибуни ТВ-серија, Скопски сновиденија ТВ-филм, Трст виа Скопје ТВ-серија, Ангели на отпад ТВ-филм, Погрешно време ТВ-серија, Наше маало ТВ-серија, Глужд во времето ТВ-филм, Стрмоглави ТВ-филм, Сенки ТВ-филм, Трето полувреме ТВ-филм.


Починал на 21 декември 2020 година во Скопје, на 75 годишна возраст.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …