Музичко – сценскиот спектакл “Веселите девојки” вечерва во Македонската Филхармонија

На 23-ти март, во Македонската Филхармонија, со почеток во 21:00ч ќе ве забавува урнебесната комедија која никого не остава рамнодушен. Музичко – сценскиот спектакл “Веселите девојки” е во режија на Раде Вукотиќ, а во кој настапува Тијана Дапчевиќ заедно со Маја Брукнер, Зорана Павиќ, Јелена Ѓукиќ, Ивана Петерс и Светлана Сретеновиќ.

Претставата е адаптација на истоимениот американски мјузикл. Тоа е приказна за пет најдобри пријателки од детството, кои повторно се собираат на девојачка вечер, во чест на свадбата на ќерката на една од нив. Освен добро познатите музички нумери како што е музичката соработка со Васил Хаџиманов, претставата ја прави интересна и драмскиот конфликт меѓу двете пријателки, во кој, секако, се вклучени и сите останати. Животните приказни на пет различни жени се испреплетуваат – приказни за среќа и љубов, пријателство и доверба, но и незадоволство.


Влезниците може да ги купите преку продажната мрежа на www.kupikarta.com , Розе Веро 2, ЈК Травел во Бисер и Тобако Симпо.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …