Мегапопуларниот проект ABBA RING по голема европска турнеја утревечер пристига во Скопје

На 28 декември 2023 година во Станица 26, со почеток од 20:00 часот, ќе може да го проследите концертот на трибјут бендот Abba Ring.

Проектот ABBA RING е составен од образовани и искусни музичари, собрани со заедничка цел да ги доближат хитовите на некогаш многу популарниот бенд до денешната публика.


Со оригиналниот настап, костимите и кореографијата, бендот целосно ја прикажува атмосферата и духот на концертите во живо на АББА. Хитовите како Waterloo, Chiquitita, Dancing Queen, Mamma Mia, S.O.S и многу други се изведуваат на оригинален начин, без напуштање на рамката на автентично шоу на ABBA.

ABBA RING е активен и како проект на ABBA strings во кој бендот ги свири најголемите ABBA хитови придружени со гудачки октет.


Покраj опциjата за лесно и брзо купување по електронски пат, карти може да купите и преку продажната мрежа на MkTickets.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …