МАКЕДОНСКАТА ЕСПОРТ ФЕДЕРАЦИЈА ЈА НАЈАВИ ШЕСТАТА СЕЗОНА ОД ПРВА МАКЕДОНСКА ЕСПОРТ ЛИГА

Македонската Еспорт Федерација ја отвора новата сезона на лиги каде што домашните тимови и играчи поединци ќе можат да бидат дел и да поминат низ овие национални квалификации за да се здобијат со титулата репрезентација на Северна Македонија за 2021 година.

Најдобрите тимови и играчи ќе не претставуваат на претстојното Светско Еспорт Првенство во Ејлат, Израел што исто така традиционално се оддржува секоја година, а е во организација на Меѓународната Еспорт Федерација каде што членува МЕСФ.


Оваа година лигата ќе се состои од четири наслови од кои два од нив се играат на компјутер или Counter Strike: Global Offensive и DOTA2, а другите два наслова ќе се играат на PlayStation 4 конзолата или Pro Evolution Soccer 2021 и Tekken 7. Учество во лигата ќе земат тимовите и играчите кои се официјално регистрирани како членови на МЕСФ.

Предвидените датуми за почеток на истите се:


DОТА 2

  • Започнува на 5-6 јуни 2021 година.

CS:GO


  • Започнува на 19-20 јуни 2021 година.

PES 2021

  • Запончува на 3 јули 2021 година.

Tekken 7

  • Започнува на 4 јули 2021 година. 

Преносите од лигата ќе можете да ги најдете на официјалниот канал од МЕСФна Твич, секој викенд од 15:00 часот.

Организатор на националните квалификации и лига на Северна Македонија е ESPORTS.MK под надлежност на МЕСФ, а од таму ни порачуваат дека во наредниот период ќе следат дополнителни информации поврзани со лигата. Информациите ќе можете да ги најдете на официјалните профили од федерацијата на социјалните мрежи.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …