МАКЕДОНИЈА ВЛЕГУВА ВО ЖОЛТА ПРЕДУПРЕДУВАЧКА ФАЗА: Еве што ќе се случи со времето


Под влијание на циклон од запад во текот на овие попладневни часови од запад облачноста ќе започне да се зголемува и веќе од доцните попладневни часови како и навечер најпрвин во западните предели а потоа и кон источните предели на повеќе места ќе има врнежи од дожд и грмежи а ќе започне да дува и засилен јужен ветер и тоа поради големата различност на воздушниот притисок на кратко растојание, пишува meteomax.mk.

Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за град.


Максимумот на температурата ќе се искачи во интервалот од 28 до 34 степени.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, да не се зборува на мобилен телефон додека за време на електричните празнења претстојувате на отворено додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На денешен ден е роден истакнатиот македонски академски сликар, мозаичар и професор Газанфер Бајрам

Газанфер Бајрам е роден во Скопје на 17 март 1943 година. Завршил постдипломски студии на …