„Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски на филмски фестивали во Романија, Грција и Обединетите Арапски Емирати

Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео е избран во официјалната селекција на 30-то издание на документарниот филмски фестивал АСТРА што се одржува во Сибиу, Романија од 15 до 22 октомври, 2023. Филмот ќе има две проекции на 18-ти и 20-ти октомври и се натпреварува во престижната програма на Централна и Источна Европа.

,,Љубовната соба“ ќе имa проекција на 27-ми октомври во рамки на 9-иот Пелопонешки филмски фестивал во градот Каламата, Грција.


Oд 9 до 12 ноември, ,,Љубовната соба“, ќе биде дел од официјалната селекција на филмскиот фестивал МЕТА што се одржува во киното VOX – Вафи Сити, во Дубаи, ОАЕ.

Филмот е во режија на Сузана Диневски, која е и продуцент (Сузи Кју продукција), извршен продуцент е Владимир Стојчевски, а филмот е во ко-продукција со Аворд Филм и Видео. Директор на фотографија е Фејми Даут, а монтажата е на Горан Вуќиќ. Музиката е на Дуке Бојаџиев, менаџер на филм е Горан Стојилковиќ, постерот на филмот е изработен од Коста Лазаревски, и тонски дизајнер е Игор Поповски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …