Љубљанскиот трансбалкански бенд ЛЕЛЕЕ тргнува на есенска екс-ЈУ мини турнеја!

Љубљанскиот рокенрол квартет ЛЕЛЕЕ повторно доаѓа во Македонија, овој пат во склоп на нивната кратка балканска турнеја, која ќе се одвие во почетокот на ноември. Бендот со својот шармантен и мелодичен звук веќе некое време го привлекува вниманието на регионалната музичка сцена и овој пат ќе одржи два концерти во Македонија: најпрвин во четврток, 2 ноември, во Битола во клубот Порта Џез, додека во петок, 3 ноември, ќе настапи во Скопје, во Младинскиот културен центар.

Во оваа доста исполнета година бендот објави два сингла – неодамнешниот хит СНАГА и пролетната етно-психоделија НЕСТАЈЕШ, со кои групата уште повеќе продре на регионалната инди сцена, на која веќе е препознатливa со своите енергичните и возбудливи живи настапи.


Видеоспот – Снага: https://youtu.be/vG6NOrJAr40?si=3x9KroF8_2Mz5Y4O

Видеоспот – Нестајеш: https://youtu.be/cn7hqVmDLXw?si=MqMGjYlDfmrZa1My


Деновиве ЛЕЛЕЕ се фокусира на подготовка на новиот материјал, кој публиката ќе може да го чуе на претстоечките настапи. Со тоа за бендот ова турнеја претставува кратка пауза од моменталната студиска работа.

ЧУДО ◎ MENT Session: https://youtu.be/Cq4OOx4OXe4?si=91IU8Y_9R2HutfzO


Бендот ЛЕЛЕЕ е совршен пример за меѓукултурнo поврзување на музичари кои доаѓаат од различни страни на Балканот – групата ја сочинуваат гитаристот и пеачот Дамјан Маневски (Rush to Relax, Molokai) кој доаѓа од Битола, басистката и пеачката Јелена Русјан (Borghesia, Trus!) од Белград, а тука е и словенечкиот пар Леон Стоилковиќ на тапани и Блаж Грацар на клавијатури. Овој разигран инди/пост-панк квартет своите први чекори ги оствари во 2020 како дел од проектот Клубски маратон кој секога година го реализира љубљанското култно инди радио Радио Штудент на кој бендот моќно се покажа со својот возбудлив инди гитарски звук и испреплетени машко-женски вокали.

Во 2021 бендот стана дел од издавачката куќа Moonlee Records и го објави деби албумот „Čuka bije pumpa“. ЛЕЛЕЕ во нивните песни мајсторски го доловуваат оној мелодичен инди сентимент, кој исто така носи препознатлив поп сензибилитет. Во нивните песни слушаме неодоливо привлечни мелодии и рефрени, кои даваат впечаток дека се создадени за бесцелни возења и летни авантури. Може да се каже дека со ЛЕЛЕЕ се раѓа еден имагинарен јадрански инди рок звук, кој е емотивен, искрен и директен, и кој слободно може да допре до пошироките маси.

Не ги пропуштате експлозивните настапи на оваа моќна рокенрол група која нестрпливо чека да го посети вашиот град:

  1. 11. КЦ Град, Белград
    2. 11. Порта Џез, Битола
    3. 11. Младински културен центар, Скопје
    4. 11. СКЦ, Крагуевац
    5. 11. Фидбек, Ниш

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …