Гала филмска вечер со проекција на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“

Францускиот институт во Скопје, Амбасадата на Франција и Амбасадата на Шпанија во Северна Македонија, со поддршка на генералниот покровител „Зегин” и на винаријата „Тиквеш”, имаат чест да Ве известат дека организираат трета по ред за годинава гала филмска вечер со проекција на филмот „Ѕверови”.

Филмот ќе биде премиерно прикажан в петок, 3 ноември 2023, во 20 часот, во кино „Милениум”.


Настанот ќе го отворат Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција, и Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија, Амбасадор на Шпанија во Р. С. Македонија.

Филмот е дело на режисерот Родриго Сорогојен, а во главните улоги играат Изабел Пења и Родриго Сорогојен. Добитник е на наградата Цезар 2023 за најдобар странски филм.


Еве и што напишаа француските медиуми за филмот:

„Ѕверови” е исклучително трогателен филм, којшто гледачите ги остава без здив. (20 minutes)


Моќно филмско остварување за стравот и омразата кон другиот, низ кое се истакнува талентот на Родриго Сорогојен. (Les Echos)

Ако треба да се одлучиме за највпечатливиот меѓу долгометражните филмови прикажани годинава на Канскиот фестивал, несомнено е овој филм… (L’OBS)

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …