Ладната “Ла Ниња” веќе го донесе првиот озбилен снег во регионот и во Македонија, засега во Македонија најмногу снег има на планинските и на Скијачките места, а во делови од регионот снежната покривка надминува и половина метар, а на планините снежната покривка достигнува до метар и половина.
Сепак, според она што го следам, уште поголема зима ни се заканува во Јануари и во Февруари, односно особено во втората половина од истата.
Големи се условите во следните два месеци за ново големо снежно невреме на Балканот, како и во Македонија. Според она што може во моментов да го кажам може да очекуваме многу поладно време од она кое го имаме сега. Со оглед на тоа дека млазната струја е доста активна оваа зима, често ќе имаме многу ладни продори од север, со тоа големи се шансите да се соочиме и со поекстремно ниски температури на воздухот.
Веќе Балканот ја чувствува зимата како кога зимите биле како во минатото, односно во далечните деведесетти години.
НАПОМЕНА: Полека се остварува мојата сезонска прогноза околу оваа зима која ја објавив, а во нејзе гласеше дека големи се шансите да имаме снежно невреме на Балканот, а тоа веќе се случи во многу делови од регионот и во Македонија, кај нас особено на повисоките и планинските места, каде обилните снежни врнежи создадоа многу проблеми.
Метео прогноза на Славчо Попоски