Хадсон Џозеф Мек, познат по улогата во филмот „Baby Driver“ од 2017 година, трагично починал на 16-годишна возраст.
Според американските медиуми, Мик починал на 21 декември откако се здобил со повреди откако испаднал од возило во движење во Веставија Хилс, Алабама.
Во изјава на неговиот Инстаграм профил е објавена тажната вест: „Нашите срца се скршени бидејќи споделуваме дека Хадсон Мек вечерва отиде дома за да биде со Исус. Неговите 16 години на оваа земја беа премногу кратки, но тој постигна толку многу и имаше значително влијание на сите што ги сретна“.
View this post on Instagram
Агенцијата за таленти J Purvis, која ја претставуваше Мек, му оддала почит на младиот актер, опишувајќи го како инспирација чија живописна личност и талент оставија траен впечаток на сите што го познаваа.
View this post on Instagram
Во негово сеќавање, е основана Меморијалната стипендија Хадсон Џ. Мек.
Мек го играше младиот Мајлс во „Baby Driver“ и се појави во проекти како „The Santa Con“, „Genius“ и „The School Duel“.
Фото: Принтскрин/Instagram