Анемијата доведува до намалување на имунитетот, па настанува слаба концентрација и циркулација…
Првиот знак на анемија е чувството на замор и недостаток на енергија. Следува забрзано или неправилно чукање на срцето, болка во градите и отежнато дишење, главоболка, бледа кожа, опаѓање на косата. Всушност, анемијата доведува до намалување на имунитетот, па настанува слаба концентрација и циркулација.
Не ги одложувајте подготовката на овој древен природен лек што нашите баби и прабаби го подготвуваа за родилките и за луѓето кои закрепнуваат од тешки болести. Во крвната слика не е важен само бројот на црвените крвни зрнца, туку и нивото на хемоглобин. Ако хемоглобинот е низок, трансферот на кислород ќе се намали, а тоа на крајот ќе предизвика анемија.
Народната медицина нуди голем број различни, природни и ефективни рецепти кои го зголемуваат хемоглобинот во крвта. За да го постигнете овој резултат, треба да се концентрирате на оние рецепти кои вклучуваат состојки богати со витамини.
Затоа во остатокот од текстот ви претставуваме рецепт за подготовка на природен еликсир кој забележливо го зголемува бројот на еритроцити и позитивно влијае на целокупната крвна слика.
Не ја одложувајте подготовката на овој природен лек.
Состојки:
– 200 мл мед
– 200 гр ореви
– 200 гр суво грозје
– 200 мл сок од морков
– 200 мл сок од цвекло
– 2 лимони
Подготовка:
Измијте ги лимоните, исечете ги на половина и од секоја половина извадете ги семките. Сомелете ги заедно со кората, па масата ставете ја во стаклена тегла од еден литар. Потоа додадете мед, сок од цвекло и морков и сè добро измешајте. Потоа додадете мелени или ситно сечкани ореви и суво грозје и повторно измешајте.
Наведената количина на состојки ќе ви обезбеди еден килограм вкусна и здрава смеса. Подготвениот еликсир чувајте го во тегла во фрижидер. Земајте по една лажица од оваа смеса пред секој оброк, три пати на ден.
Друга добра работа за овој лек е тоа што нема несакани ефекти. Ќе бидете полни со енергија, а по две недели користење проверете ја вашата крвна слика – сигурно ќе бидете позитивно изненадени.
Фото: Архива