(Рецепт) Без печење – Со само неколку состојки до вкусен десерт: Рецептот за чоколадна салама не може да биде поедноставен

Чоколадната салама е една од оние слатки кои ги красат масите за новогодишните празници. Освен потребата од неколку лесно достапни состојки, ниту подготовката не е комплицирана.
Она што е особено добро е што нема да ви треба рерна за да направите чоколадна салама, а тоа е уште една повеќе причина да ја пробате.

Состојки што ќе ви требаат:
300 грама чоколадо
300 грама бисквити
200 грама шеќер
100 грама путер
100 милилитри сок од портокал
кокос за декорација


Подготовка:
За почеток, варете ги шеќерот и сокот од портокал во тенџере на тивок оган. Варете додека не се растопи шеќерот, а потоа додадете ги путерот и чоколадото. Кога путерот и чоколадото ќе се растопат, тргнете ја тавата од оган и додајте ги искршените бисквити. Секако, при мешањето на состојките во тавата, можете да додадете и јаткасти плодови а подоцна и желе бонбони.
Оставете ја смесата кратко да се излади, а потоа со помош на најлонска фолија обликувајте по желба. Освен стандардната форма на салама, можете да ја направите и во форма на триаголник. По желба тортата можете да ја декорирате со кокос и да ја оставите во фрижидер. По неколку часа извадете ја од фолијата и исечете го на парчиња.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Учениците во Виница со 59 балони и 16 минутен молк ќе ги испратат своите врсници

Со 59 балони и 16 минутен молк. Ученици од виничката гимназија „Ванчо Прќе“ се собираат …