Краткиот филм „Дали си маж“ на Ѓорче Ставрески со новогодишна премиера на HBO MAX

Краткиот игран филм Дали си маж по сценарио и режија на Ѓорче Ставрески ќе се
прикажува на една од најголемите светски онлајн платформи HBO MAX. Ова е голем
успех за продукцијата Минимал колектив, за актерите и екипата и уште еден подвиг
на македонската кинематографија. Сите љубители на кратката форма на филмови во
21 земја во Европа, вклучувајќи ја и македонската публика, ќе можат да го погледнат
филмот од 1 јануари 2024 на програмите на европскиот сервис на HBO Max.

Главната улога во филмот ја игра деветгодишниот Данило Ивановски, а во останатите
улоги се: Душица Настова, Сашко Коцев, Драгана Костадиновска, Александар Микиќ,
Анастасија Ласовска, Ѓорѓе Нешковиќ, Лила Милиќ и Мими Таневска Србиновска.
Кастинг директор е Билјана Драгиќевиќ Пројковска.


Директор на фотографија е Наум Доксевски, сценограф Симо Бранов, костимограф
Жаклина Крстевска, шминка Жанета Димитриевска, снимател на тон Бојан Паликуќа.
Монтажата ја изработи Мартин Иванов.

Филмот е во продукција на Минимал колектив Скопје и Сет Сеил Филмс од Белград.
Продуцент е Ивана Шекуткоска, а копродуцент е Андријана Софраниќ Шуќур.
Дистрибутер на филмот е француската компанија Премиум филмс со седиште во
Париз.


Филмот е поддржан од Агенција за филм на Р.С. Македонија и Филмски центар Србија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …