Концерт на Laret

Утревечер во кафе-книжарницата Буква со почеток во 21:00 часот ќе се одржи концерт на дуото Ларет. Томе Илиев и Серафим фон Вера (Seraphim von Werra), кои започнуваат заедно во бендот The Nozez, го претставуваат својот прв албум како дуо — „Ларет“. Поканет е и нивниот стар пријател Адриан Бекли (Adrian Böckli).


Композициите комбинираат светски џез со музика од Балканот и се инспирирани од македонските ора.

Музиката звучи како да истуриле нестандардни ритми, средновековен тембр, меланхолични мелодии и смели импровизации во голем котел, па сето тоа замешале до соединување, вовлекувајќи го слушателот во пределот на соништата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …