Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците на 26 февруари 2024 во 20.30 часот во Националната опера и балет

На 26 февруари со почеток во 20.30 часот во Националната опера и балет ќе се одржи Комеморативен концерт по повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски со соработниците, под покровителство на Владата на Р. Северна Македонија.

Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, режисер на настанот е Љупка Јакимовска, хор-мајстор: Ѓурѓица Дашиќ.


Ќе настапат солистите од Националната опера и балет: Сандра Митровска, сопран, Марика Поповиќ, мецосопран, Јаворка Витанова, солист од хорот, во придружба на хорот и оркестарот на Националната опера и балет.

На програмата ќе се изведат дела од В. А. Моцарт, Р. Леонкавало, Џ. Верди и Р. Аврамовски.


Настанот ќе биде збогатен со видео и аудио содржина за која се употребени материјали од архивската документација на МРТВ – документарецот „ Верувам во Македонија“, како и фото и видео материјали обезбедени од Фондацијата „Борис Трајковски“.

Влезот за настанот е слободен, јавноста, билетите ќе може да ги подигне најдоцна до 26.2.2024 до 17.00 часот на билетарницата на Националната опера и балет.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …