Комедијата „Власт“ утревечер на репертоарот на Народен театар Штип

На 21 ноември 2023 година во Народниот Театар во Штип, со почеток од 20:00 часот, ќе може да ја погледнете претставата „Власт“.

Автор: според Бранислав Нушиќ
Режисер: Ѓорѓи Ризески
Драматург: Трајче Кацаров
Сценограф: Мартин Манев
Костимограф: Кети Пауновска
Композитор: Алмир Бајрамоски
Сценски Движења: Сања Русеска
Аниматор: Емил Пачковски
Дизајн – Фотографија и Видео: Емил Пачковски


Играат:
Арсо: Ефтим Трајчов Ѓаурски
Милан: Милорад Ангелов
Светозар: Никола Милошевски
Мица: Елена Шорова Дербов
Добре: Марко Трајковиќ
Секретарката: Ава Хусеини
Водител: Миланчо Ѓеоргиев
Сашо: Марко Трајковиќ
Сашка: Стефанија Митовска
Јасна: Ава Хусеини
Марин: Миланчо Ѓеоргиев
Јана: Стефанија Митовска

„Дај му власт на човека за да видиш каков е“… Тоа е точната реченица но не и точниот рецепт за оваа претстава. Дај му власт на човека за да видиш тие околу него какви се е поточниот пристап во ова дело… или пак: стапи на власт за да видиш кои и какви ти се пријателите.
Во ова дело гледаме ликови кои ставаат маски и го менуваат сосема своето однесување за всушност низ текот на претставата од нивните постапки да сфатиме кои реално и се истите низ своите толку јасно проѕирни маски.
Тематиката за жал е асполутно актуелна иако е ова постаро класично дело од авторот Нушич – за жал сметам и дека ќе биде многу актуелна во иднина… не само во нашите балкански простори – туку и насекаде низ светот. Тематиката на оваа драма е толку свежа што секој гледач би помислил дека авторот вчера ја напишал.
Сите луѓе ги интересира власта и некако не можат а да не знаат и можеби да не завидат на тој што е на Власт.


Влезниците се по цена од 200 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …