Кога ја имаш најубавата…

Чувај ја, како китка цвеќе во градина,таа ти ја подари убавината на нејзината душа. Погледни ја повеќе пати во денот, можеби ќе забележиш тага зад благата насмевка кога ќе те види . Не ги штеди бакнежите и преграките, уморот и грижите се лекуваат со љубов … Денот и минал во трка , во разговор со тие што не ја слушаат, во грижи како да се излезе на крај со проблемите …Ќе ја здогледаш и ќе ти биде јасно…
Дека времето лета …Еден ден кога староста ќе тропне на врати, таа повторно ќе се смее..
Со тебе, гледајќи те вљубено, исто како и првиот ден ..Ќе и бидеш малку смешен со капче на главата и по малку збунет поглед, но ќе бидеш истиот ..
Ќе ги сака твоите раце, тие што цврсто ја држеле кога се двоумела, кога копјата се кршеле, кога грижите биле закана и за вас двајцата …
Ќе го сака и твојот од, тие нозе што некогаш како срна потрчувале кон неа, да ја стасаат , тогаш кога сте играле…Како малите деца …
Ќе те сака тебе, тебе што те одбрала …Тебе што си дел од неа, дел од целото што го создадовте двајцата ..
Твојот поглед ќе и раскажува , а таа ќе се смешка, стутулена во твоја прегратка , тука никогаш нема да и студи , тука е топло ..Бидејќи нејзиниот дом ќе биде вечноста во твоето срце …

Оливера Ширговска 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници

Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници Кога Царот, седејќи на осле, влегол …