Книжевен клуб за деца

Во вторник, 26 март 2024 година во Europe House во Скопје, со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи новот издание од работилницата Книжевен клуб за деца.

Мирисите и зборовите на раната пролет – овојпат ќе читаме и мирисаме убави нешта!


Само за најмалите, во организација на Kids Book Club, оваа работилница под водство на Ана Голејшка Џикова ќе биде во духот на пролетта: ќе се читаат домашни песни и раскази на темата за пролетно будење, сите цвеќиња, зеленчуци и овошја.

Низ старите песнички од стихозбирките на домашните автори, а и некои лични дела на поетесата, оваа работилница ќе биде сетилно доживување за најмалите.


Работилница е наменета за деца на возраст од 4 до 6 години

Задолжително пријавете присуство на следниот линк: https://forms.gle/FVwcufqsBjLvBYSb6


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …