Караванот „Македонијо во срце те носиме” во недела патува во Кочани!

По одличните концерти во Штип, Битола, Велес и Прилеп караванот „Македонијо во срце те носиме” во недела, на 1 октомври, ќе гостува во Кочани. Концертот е со почеток во 20:00 часот, а ќе се одржи во Паркот на револуцијата. Веќе ви е добро познато, на репертоарот се „Заветна”, „Налеј, налеј”, „Народе македонски”, „Едно име имаме”, „Земјо македонска”, „Ој, Вардаре”, „Оган да го гори”, „Послушајте патриоти”, „Ми заплакало село Ваташа”… отпеани од златните грла на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

„Македонијо во срце те носиме” е проект со потписот на Скендеровски продукција, во чии рамки се препеани 12 родољубиви песни – сите спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски. Проектот има за цел да им се продолжи векот на песните и да се испрати порака особено до  младите генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното – нашата земја и нејзиното наследство.


Затоа не пропуштајте ја можноста заедно да пееме во еден глас и да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и, се разбира, да го зачуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Меган и Хари ДЕФИНИТИВНО СЕ РАЗДЕЛУВААТ, тој повеќе не ја сака во својот живот – ова пресудило“: Светските медиуми ПИШУВААТ ЗА РАЗВОД, ДВЕ ВАЖНИ ЖЕНИ откриваат непознати детали за нивниот брак

Се’ погласни се гласините дека Меган и Хари се разведуваат! Иако војводата и војвотката од …