По неколкуте спектакуларни концерти во регионот, Скајмјузик со гордост го најавува големиот концерт на една од најпопуларните ѕвезди на овие простори, Јелена Розга, која во рамки на турнејата „Минут срца мог“ на 10 февруари ќе настапи пред скопската публика во арената „Борис Трајковски“!
Јелена Розга, кралицата на поп-сцената и миленичката на сите генерации, е позната по своите врвни настапи и неверојатната харизма, а нема сомнеж дека низ арената во Скопје ќе прозвучат хитовите од соло кариерата на Јелена, како што се нумерите „Бижутерија”, „Окус ментола “, „Нирвана”, „Соло играчица” и неизбежниот „Цунами”, но и оние што ги пееше додека беше во групата Магазин, во која и ја започна кариерата.
Спектаклот ќе биде заокружен со врвната аудио-визуелна продукција потпишана од Skymusic продукција.
„По Загреб, Белград и Нови Сад, „Минут срце мог” доаѓа и во Скопје! Драги мои, во месецот во кој ја славиме љубовта ќе бидеме заедно! ❤️ Ве очекувам на 10.2.2024 година во арената Борис Трајковски! Не можам да ви опишам колку се радувам и колку, заедно со мојот тим, едвај ја чекам таа посебна сабота! Скопје се гледаме наскоро! Ве сакам! ❤️, вели Розга.