Кафе-книжарницата „Буква“ го прославува својот трет роденден со настап на Чалгија Саунд Систем и Стој,После!


Во петок, на 2 февруари 2024 година, со почеток во 18:00 часот, кафе-книжарницата „Буква“ ќе го прослави својот трет роденден.

Повеќе од илјада денови „Буква“! Три години, во секоја со неколкукратно повеќе настани од бројот недели, често блиску до вкупниот број денови во годината, меѓу кои не е еден, ниту три, ниту триесет и три, туку многу повеќе – во кои имавме дури и по три настани. Со сопствени сили, со денови и ноќи, со љубов и жар! И со многу верни другари и другарки, кои во „Буква“ се повеќе од гости! Сè за целата азбука на културата во Скопје, од А до Ш, се вели во објават од „Буква“.


На роденденската забава свој настапат ќе имаат Чалгија Саунд Систем и Стој,После!.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Директна порака – Победникот на Евровизија, Џеј Џеј, бара Израел да биде исклучен од натпреварот: „Разочарувачки е што сè уште учествуваат“

Австриецот Џеј Џеј, кој победи на Евровизија во Базел, јавно побарал на Израел да му …