ЈП Лајка: ОТВОРЕН ДЕН ЗА ВДОМУВАЊЕ 10.06.2023

ЈП Лајка ве поканува на отоворен ден за вдомување и дружење со кучињата од нашето прифатилиште на ден сабота 10.06.2023 од 11:00-14:00 часот!

Во нашето прифатилиште имаме околу 120 кучиња кои чекаат да си го најдат својот дом, некои од нив се домашни миленици со откажана сопственост, некои напуштени на улица, но ниту едно од нив не се нашло во оваа ситуација по своја вина. Секое едно од нив заслужува еднаква шанса за дом, секое едно куче може и треба да биде домашен миленик и да си има свое семејство, тие само сакаат да припаѓаат некому и да имаат можност да даваат од својата безусловна љубов.


This image has an empty alt attribute; its file name is postervdomi.jpg

Кучето е најдобриот пријател на човекот и верувајте дека тоа пријателство трае засекогаш.


Оваа сабота ќе имате можност да се запознаете со кучињата кои чекаат да си го најдат својот дом, да прошетате во нашето прифатилиште, да се запознаете со вработените кои би Ви помогнале при изборот на вашиот нов домашен миленик и ќе ве воведат во процесот на вдомување.

Да не заборавиме, секое едно вдомено куче, е едно куче помалку на улица! Вдоми, не купувај и спаси живот!


Вдомувањето е бесплатно!

#ВдомиКучеВдомиЉубов

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …