Изложба на карикатури на познатиот карикатурист Ане Василевски

Денес со почеток од 12:00 часот во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница свечено ќе биде отворена изложбата на карикатури на познатиот карикатурист Ане Василевски.

Ане Василевски (1947-2004) е македонски карикатурист, долгогодишен директор на Светската галерија на карикатури во Скопје а воедно и коментатор на списанието за хумор и сатира „Остен“ од Скопје.
Соработувал со скоро сите позначајни весници во поранешна Југославија како и со весници во Франција, САД, Турција, Романија, Холандија, Канада, Белгија и други.


Позначајни награди и признанија во Македонија : „Ацо Шопов“, „Василие Поповиќ –Цицо “, „Остен“, „11 Октомври“, „Пјер -89“, „Ин Виница Веритас“… Признанија од странство : Белгија -1981, Куба -84, 88, 91, 93, Шкотска -84,85 и во Канада, Турција, Мексико, Италија, Јапонија, Кореа, Франција, Хрватска, Србија, Словенија и други.

За сите љубители на ликовната уметност, изложбата на карикатури ќе биде достапна во наредните 2 седмици.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …