Изложба на фотографии од Бобан Китановски

Отворањето на изложбата на фотографии од Бобан Китановски ќе се случи денес во 20:00 часот во Галеријата – „Империјал – 2“ во Културно Информативниот Центар (КИЦ) Скопје и ќе биде поставена со можност да се погледне до 28.03.2024 во работните часови.

На осумгодишнината од одржувањето на планинарскиот предизвик „12 Врвови“ во соработка со Културно Информативниот Центар Скопје ќе може да погледнете 30 одбрани фотографии сликани од нашиот најверен член, планинар и другар – Бобан Китановски, чиј објектив и фотоапарат редовно ги овековечуваат нашите искачувања, чекори и уживања на врвовите и планините во Македонија.


На овој настан ќе имаме прилика да го претставиме и второто подобрено издание на книгата „Планински врвови во Македонија“ од Марио Шаревски, која што е збирка на податоци за 61 планински врв искачени во првото петолетие на предизвикот со додаток за Првата – Западна Македонска Трансверзала и бројни мапи од планинарските патеки.

Изложбата ќе биде отворена со поздравен говор од г-дин Зоран Читкушев, претседател на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија – ФПСМ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …