ИСТРАЖУВАЊА – Симптомите на коронавирус се јавуваат по овој редослед

Ова откритие може да им помогне на заразените да се изолираат и навремено да започнат со лекувањето…
Истржување од Универзитетот во Јужна Калифорнија успеало да утврди дека симптомите на Ковид-19 често започнуваат по одреден редослед. Ова откритие може да им помогне на заразените од коронавирус да се изолираат и да започнат со лекување на време, што може значително да ги подобри резултатите на пациентите.
Симптомите како што се треска и кашлица се слични кај голем број болести, вклучително и сезонски грип. Бидејќи сè уште се бориме со епидемијата, а сезоната на грип е пред самиот агол, поважно е од кога било да знаеме од што всушност страдаме.
Редоследот на симптомите е важен


„Ова е особено важно да се знае кога циклусите на болести како што се грипот се преклопуваат, што се случува истовремено со епидемијата на Ковид-19“, рекол д-р Питер Кун, еден од авторите на студијата и професор по медицина, биомедицински инженеринг, авијација и простор и машинство.
За да го предвидат редоследот на симптомите, истражувачите ги анализирале стапките на инциденца на симптомите собрани од Светската здравствена организација кај повеќе од 55.000 луѓе со Ковид во Кина. Тие исто така разгледале збир на податоци собрани за скоро 1.100 случаи, меѓу декември и јануари, од страна на експертската група за медицински третман на Ковид во Кина.
„Редоследот на симптомите е важен. Знаејќи дека секоја болест напредува поинаку значи дека лекарите можат побрзо да утврдат дали некој има Ковид или некоја друга болест, што им помага на лекарите да донесат подобри одлуки“, рече Џозеф Ларсен, водечки автор на студијата.


Редоследот на симптомите кај Ковид-19



температура
кашлица и болки во мускулите
гадење и повраќање
дијареја

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …