ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА МАКЕДОНСКАТА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА: ГАЛОСКИ ВО ЛИСТАТА НА НАЈДОБРИ 101 АРТИСТИ ВО СВЕТОТ!

Македонскиот диџеј и продуцент ГАЛОСКИ со нов, овој пат историски подвиг за домашната и светска музичка сцена. Галоски како артист од Македонија е првиот диџеј и продуцент што се најде на елитната и светска 1001tracklist и тоа на 69тото место на најдобри продуценти и најподдржани артисти за електронска музика во светот, со што уште еднаш докажа дека е еден од најуспешните и најактивни артисти на Балканот со светска кариера!


Неговите изданија редовно може да ги слушнеме низ плејлистите на најголемите светски диџеи како Tiesto, David Guetta, Martin Garrix, Afrojack, Steve Aoki, Don Diablo, Alesso, а музиката на Галоски периодов добива константна поддршка и одлични комплименти и од мулти-платинестиот хит-мејкер Jonas Blue.


Интересен факт е дека Галоски е еден од ретките артисти на Балканот кој има милионски преслушувања на музичката стриминг платформа Spotify. Исто така, TOMMOROWLAND кој претставува еден од најголемите музички фестивали и брендови за електронска музика, оваа година му додели титула за Артист на месец Јули со што го најави како еден од артистите со светла иднина.

Ова лето ќе биде запаметено и по емитувањата на неговите изданија од светски познатото BBC Radio, KISS FM и уште многу други реномирани радио станици во светот.


Новитет во неговата кариера е последното музичко парче насловено како ‘Thinking About You’ кое официјално излегува овој петок во издание на FUTURE HOUSE MUSIC – една од најголемите издавачки куќи во светот.

https://top101producers.com/2021

Фото: Стефан Рајхл

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …