ИСЧЕЗНАЛ ВО СЕПТЕМВРИ: Го барале со беспилотни летала и хелихоптери, а момчето (7) е откриено – 20. километри од куќата!

Седумгодишно момче кое исчезнало во рускиот град Владимир, кон крајот на септември, е пронајдено живо, соопштија локалните власти.
„Заедничкиот оперативен центар за контрола доби повик дека е пронајден во селото Макариха. Тоа е сè што знаеме, момчето е живо“,изјавиллокален претставник за ТАСС.
Селото Макариха се наоѓа на околу 20 километри од селото Горки, каде живее семејството на момчето.
Првиот лекарски преглед покажал дека тој е во добра здравствена состојба, но сепак била испратена брза помош во Макариха да го однесе детето во болница. Според претходните извештаи, окружната полиција била информирана на 28. септември дека седумгодишно момче по име Савели Роговчев не се вратило дома од училиште.
Во потрагата биле вклучени армијата и полицијата, волонтери од повеќе градови, како и беспилотни летала и хеликоптери.
Во октомври, руското Министерство за внатрешни работи понуди награда од еден милион руби (11.000 евра) за помош во пронаоѓањето на исчезнатото дете.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОВА СЕ НАЈПАМЕТНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ: Нивниот мозок работи како швајцарски часовник

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …