Инцидент во Петрич – Како залутано куче предизвикало смрт на повеќе од 50. луѓе?

Грција и Бугарија честопати имаа бурна врска, а настанот од 1925. година најдобро кажува колку е потребно за ескалацијата.
Општо е тешко да се утврди точната причина за војна, но во октомври 1925. година немало никаков сомнеж.
Тоа било залутано куче.
На граничниот премин, разиграно куче успеало да избега од тповодецот и решило да прошета по областа. Неговиот сопственик, грчки војник, преминал на бугарската територија на само неколку чекори за да го врати своето куче.
Бугарскиот чувар во истиот момент го застрелал. Двете страни веднаш отворијле оган, пред еден грчки офицер мавтајќи со бело знаме да дојде до неутрална територија, од која повикал на мир, пренесува „Листвер“.
Бугарите и него го застрелале.
Новиот грчки воен командант се чинеше дека го чекал ова да се докаже, бидејќи и дал на Бугарија 48 часа да се извини, да ги уапси снајперистите и да ги обештети семејствата на жртвите. Потоа, без да чека да истечат тие 48 часа, тој ги нападнал Бугарите.
Грција се собратила на сојузниците и ја повикала Србија да им се придружи во одбраната на честа на кучето, а Бугарија отишла во Лигата на нации, за заштита.
Војната брзо ескалирала и како резултат на се биле убиени најмалку 50 луѓе. Траел само 11. дена и е познат како Инцидент во Петрич.
Епилог? Лигата на нациите ја оцени Грција како агресор и побарала на Бугарија да и плати отштета , а  грчкиот воен командант бил сменет.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …