ХОРОР ЗА УБАВИНА – МАЈА ОСТАНАЛА ЦЕЛА НОЌ ЗАГЛАВЕНА ВО СОЛАРИУМ: Наутро слушнале врескање а потоа занемеле кога ја виделе!

Данката Маја Грунлунд десет часови била заробена во солариум кога капакот се затворил а таа останала внатре. За среќа, таа останала без сериозни последици, а потоа детално ја раскажа нејзината грда приказна.
„Доцна вечер беше. Се слушна удар. Се исплашив. Сакав да го кренам капакот, но не можев да го поместам. За среќа, светлината се изгасна, инаку ќе изгорев. Лежев заробена во солариумот и се чувствував како да сум жива погребана“, рекла Меј.
Нејзиното момче Каспер се загрижил и се јавил во салонот, но таму немало никој. Тој потоа повикал полиција, но тие му рекле дека не можат да сторат ништо, бидејќи Маја била исчезната само неколку часа. Потрагата по возрасни започнувала само после 24. часа од исчезнувањето.
Каспер дознал од сопственикот на салонот дека жената за чистење доаѓало рано наутро, но не дошла. Каспер ја слушнал својата девојка како вреска од салонот, земал камен и го скршил стаклото. Тој ја ослободил Маја, која била толку психички растроена што била однесена на психијатрија.
Таа и денес, се плаши во затворено и со месеци има кошмари.
„Најмногу се плашев да не се задушам“, вели Маја.
Таа сè уште не добила отштета затоа што осигурувањето мора да утврди кој е виновен, сопственикот на салонот или производителот на солариумот.
Патем, никој не размислува за тоа колкава одговорнст има лицето кое ја пуштило Маја во солариумот и заборавило да и каже дека времето за сончање поминало и да ја ослободи. Очигледна негрижа за која некој би требало да понесе одговорност.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …