Голема летна WOW распродажба во Веро центар

Голема летна распродажба со попусти до 80 отсто ќе се случува од 7 до 11 август во Веро центар во Скопје. Потрошувачите ќе може да најдат голем избор на производи во речиси сите продавници меѓу кои и „ДМ“, „Васидора“, „Би воч“, „КРШ бебе“, „Дуки Дасо“, „Спорт М“, „Еликсир“, „Анхоч“, „Спорт риалити“, „Ивама“, „Гудис“, „Сара фешн“ итн. WOW распродажбата се организира трет пат, а менаџерскиот тим на компанијата „Веропулос“ посочува дека во план е настанот да прерасне во традиционален.


– Во летниот период вообичаено се намалува интензитетот на активности, но ние одлучивме да излеземе од тој шаблон и да организираме настан кој е наменет токму за луѓето кои топлите денови ги минуваат во Скопје. Ќе бидат вклучени речиси сите продавници во Веро центар и нашата цел е да понудиме соодветен и богат избор за целото семејство. Како и досега, фокусот е потрошувачите да имаат незаменливо, комфорно искуство и токму тоа беше мотивот за организација на распродажбата – посочува Љубица Короскоска, маркетинг-директор на „Веропулос“ во Македонија.

Големата WOW распродажба е главниот настан во Веро центар за ова лето, но во подготовка се уште многу други активности за кои потрошувачите наскоро ќе бидат информирани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …