Мајкл своевремено признал дека причина за ракот на грлото со кој се борел од август 2010. до јануари 2011. година, е ХИВ вирусот „кој го собрал“ пружајќи им на жени орален секс…
Сопружниците Мајкл Даглас (74) и Кетрин Зита Џонс (49) се одмораат во малото туристичко место Портофино во Италија. Гратчето познато по рибите, денес е омилена дестинација за туристите со „подлабок џеб“, навикнати на луксуз а исклучок не е ниту славниот пар.
Мајкл и Кетрин деновите ги минуваат во разгледување на знаменитости и куќи во пастелни бои, а се почествуваат и со специјалитети во локалните ресторани. Папараците „ги уловиле“ додека вечерале во друштво на пријател, а изгледот на глумецот и неговот загрижено лице ги поттикнале шушкањата дека здравјето му е се’ полошо со оглед на тоа дека од 2010. се бори со рак на грлото.
Синот на легендарниот Кирк Даглас (102) се потешко оди па Кетрин Зита-Џонс не го испушта од рака. Иако холивудските ѕевзди „се наоружале“ со очила за сонце и шешири, повеќето туристи и локално население ги препознале…
Мајкл Даглас своевремено признал дека причина за ракот на грлото со кој се борел од август 2010. до јануари 2011. година, е ХИВ вирусот „кој го собрал“ пружајќи им на жени орален секс.Борбата со болеста која успеал да ја добие му помогнала, како што рекол, да го спаси бракот со Зита-Џонс. Како што објаснил, лошото здравје го натерало повторно да го согледа својот живот и да сфати кои работи му се најважни, а тоа се сопругата и синовите Камерон (40) и Дилан (18) и ќерката Керис (16).
There’s nothing more special to me than spending time with my amazing children, Carys and Dylan.
Gepostet von Catherine Zeta-Jones am Mittwoch, 2. November 2016
„Ракот беше во четвртата фаза. Со оздравувањето добив нова можност да го ценам животот. Кога ќе влезеш во 70. ттите се се менува, сфаќаш дека крајот е блиску, а семејството ми дава сила во сето тоа“, рекол Мајкл Даглас.