(ФОТО) Збогум легендо: Оливер Драгојевиќ починал утрово во болница во Сплит

Легендарниот пејач Оливер Драгојевиќ починал утрово околу 5. часот во болницата во Сплит.
На 71.годишна возраст во Сплит почина легендата на хрватската музика Оливер Драгоевиќ. Пејачот почина една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.


Веста за смртта ја потврдило семејството Драгојевиќ за „Слободна Далмација“. Тој починал утрово околу 5. часот во сплитската болница.
Зад себе ги остави ожалостената сопруга Весна со која бил 44. години во брак, синот Дино (42) и близнаците Дамир и Давор (39).


„Морскиот волк“ во август минатата година дознал дека има карцином на белите дробови, откако му се слошило на погребот на неговиот близок пријател, Реми Казиноти.
И покрај дијагнозата и хемотерапијата Оливер до последен здив пронаоѓал време за семејството, пријателите и музиката. Заморот не му дозволи да го одржи големиот концерт во „Арена“ во Сплит, кон крајот на минатата година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …