(ФОТО) За нејзината девственост се натпреваруваат тројца милионери: Тинејџерка продава невиност на сајт за ескорт – цената стасала до 1.200.000 евра – и расте!

Ејми (19) од Лондон ја продава својата невиност преку специјализираниот сајт Cinderella Escorts, за да „подобро живее и му помогне на семејството“, а цената веќе достигнала невозможни износ…
Во потрага по оној вистинскиот, Ејми веќе се сретнала со тројца богаташи: банкар од Вол Стрит, германски бизнисмен и фудбалер за кого рекла дека е „суперкул“.


Сајтот Cinderella Escorts тврди дека лекар утврдил дека Ејми е невина и дека и е издаден сертификат. Девојката тврди дека, пред да се одлучи на овој лекор, се советувала со психијатар.


„Сакам да ја продадам својата девственост преку Cinderella Escorts бидејќи долго и длабоко размислував за тоа. Ова ми е вистинска можност да го подобрам мојот живот, да му помогнам на семејството колку што тие ми помогнаа мене“, вели Ејми и додава:
„Би сакала да патувам по светот, да се образувам. Сфатив дека продажбата на невиноста ми е одлична можност“.

Освен што е млада и убава, Ејми во своите квалитети кои ги истакнала на сајтот, наведува дека сака суши, шопинг, шампанско и патување по светот.
„Тоа е мое тело и мислам дека имам право да правам со него што сакам“, поентирала таа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот истакнат писател Сашко Насев

Сашко Насев е роден на 4 октомври 1966 година во Кочани. Дипломирал општа и компаративна …