(ФОТО) Вистински другари: Осумгодишни деца ги избричиле гравите за да поддржат пријател кој има алопеција

Осумгодишниот Лук Нелсон од Оклахома (САД) ретко излегува од дома без капа бидејќи му испаднала косата. Имено, на ова дете му била дијагностицирана алопеција, ненадејно губење на косата, што и тоа како влијаело на неговата самодоверба.
Меѓутоа, неговите пријатели од одделението одлучиле да му помогнат и во знак на поддршка си ги избричиле главите за да тој не се чувствува осамено.


Gepostet von Susan Nelson am Samstag, 19. Januar 2019

„За осумгодишник губењето на коса е многу тешко. Еднаш кога му испаднала, ставил капа и се криел зад неа“, раскажала неговата мајка Сузан Нелсон за магазинот People.
На детето косата почнала да му паѓа минатата есен, во помали прамени, а од Божик повеќе немал ниту едно влакно на главата.


Gepostet von Susan Nelson am Samstag, 19. Januar 2019


„Кога тоа се случи прво неговиот помалечок брат си ја избричи главата а потоа тоа го направи и мојот сопруг“, додала мајката.
Истото потоа го направиле и неговите другари од трето одделение. Тие 14. се одлучиле на овој чекор.
„После зимскиот распуст се врати на училиште а тиа му посакаа добредојде. Го прашуваа што навистина би го усреќило, а потоа одлучија да ги избричат главите“, се потсетила госпоѓа Нелсон.

Gepostet von Susan Nelson am Samstag, 19. Januar 2019

Момчињата на 19. јанаури се собрале во фризерски салон и својата одлука ја спровеле во дело.
„Момчињата се смееа, си даваа петки, славевме и јадевме крофни. Кога Лук сфати дека ниту еден нема коса ја извади капата и гордо почна да оди наоколу“, вели мајката и додава дека овој гест на другарите му го променил животот.

Gepostet von Susan Nelson am Samstag, 19. Januar 2019

„Имам повеќе самодоверба. можам да бидам свој. Мислам дека е важно да ја обајвите мојата приказна за да им се помогне и на другите деца кои се сметаат за поинакви“, порачал малечкиот Лук.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

НАЈГОЛЕМИОТ ДЕЛ ОД МЕСЕЦ МАЈ ЌЕ ГО ПОМИНЕМЕ СО ПОЛАДНО ВРЕМЕ ОД ВООБИЧАЕНОТО – За летни температури ќе си почекаме

Метео прогноза на Славчи Попоски: Судејќи според моменталните прогоностични материјали со кој ние располагаме, укажуваат …