(ФОТО) ВИСТИНСКА ГОСПОЃА ПА И’ ВО МЕТРО: Фотографијата која стана апсолутен хит на Твитер

Фотографијата на твитерџијата Марк Лок на која се наоѓа жена која во подземната железница во Лондон пие џин-тоник од чаша за вино е апсолутен хит на интернет.
Лок ја фотографирал непознатата госпоѓа која целата била облечена во црно, со собрана коса и со големи црни очила и пиела пијалок од чаша за вино во подземната железничка.
Фотографијата добила над 50.000 лајкови на Твитер.
Госпоѓата станала интернет сензација, а коментарите за нејзината појава навистина се фантастични.
„Токму сега ја видов својата иднина“, напишала некоја воодушевена твитерџика.
„Знам кој да го поддржам за премиер на Велика Британија“, друг коментар на фотографијата.
„Оваа жена ме охрабри да го живеам својот фантастичен живот токму вака“, уште еден од коментарите на фотографијата.
На оваа госпоѓа никој не ѝ замерил зошто го крши законот, но сепак Лок ја избришал фотографијата од својот профил на Твитер затоа што добил маил од личност што ја познава оваа госпоѓа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …