Музичката ѕвезда Никол Шерцингер пред да се појави во шоуто „Sherri Shepherd“ имала ненадеен проблем со фустанот.
Имено, една од најубавите жени на денешницата за интервјуто во споменатото емисија избрала миди фустан со туфни кој ги открива нејзините раменици, а целиот изглед го заокружила со сребрени салонки. Сепак, патот до нејзината дестинација не бил нималку лесен, бидејќи доживеала несреќа со својата комбинацијата на облека.
Пред да влезе во студио, на пејачката и паднал горниот дел од деколтето, а се видело повеќе отколку што треба. Наместо градник, Никол носела силиконски фластер за гради за да не се гледаат брадавиците.
Како и да е, проблемот брзо бил саниран, а папараците успеале да го снимат овој непријатен момент.
Фото: Принтскрин/Instagram