(ФОТО) ТРЕНДОВИ – Модели за секого и за сите пригоди: Какви јакни ќе носиме оваа пролет?

Сончеви денови кои наголемо се тука, иако не им е време не поттикна да размислуваме за пролетни комбинации
Сезоната пролет/лето 2020. година кога станува збор за јакни нуди најразлични модели. Од една страна се јакни инспирирани од 90-тите години, а од друга страна се женствени модели од твид.
Еве што да облечете следната сезона:
Кожни блејзери
Кожните блејзери беа голем моден хит во раните 90-ти. Трендсеттерките како Хејли Бибер и Бела Хадид наголемо ги носат овие модели, а станува збор за модели со претежно предимензиониран крој.


Јакни од твид
Коко Шанел ги воведе на голема врата во модата и оттогаш не го напуштија модниот престол, а оваа пролет тие се особено модерни.

Сафари јакни
Беж, маслинеста и во сите зелени нијанси и оваа пролет јакните во сафари стил ќе владеат со модната сцена. Тие се најпрактични затоа што лесно се комбинираат и одат со скоро се.

Штепувани и бомбер јакни
Тенките прошиени јакни наменети за потоплите месеци никогаш не биле попожелни. Следната сезона, одличен совет е да ги носите со плетени џемпери и кожни хеланки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …