(ФОТО) Свршеницата на Лук Пери со емотивно интервју:„Годините со него ми беа најсреќни!“

„Нашите животи го допре еден навистина посебен човек. Многу ќе ни недостасува“, рекла Венди Медисон Бауер која со Пери била повеќе од 11. години и вели, била благодарна што тоа време го минала со него…


Глумецот Лук Пери, кој со слава се здоби како Дилан во серијата „Беверли Хилс 90210“, почина во 53. година, а после шест дена молчење, проговорила Венди Медисон Бауер (44) која во моментот на смртта била покрај својот свршеник.
„Сакам да изразам благодарност на сите за љубовта и подршката. Неброени приказни за дарежливоста и добрината на Лук ми помогнаа во овој тежок период. Последните 11,5 години со него беа најсреќните во мојот живот и благодарна сум што тоа време го минав со него“, рекла Венди за „Пипл“.
Патем се заблагодарила на неговите деца, пријатели и семејство.

„Нашите животи ги допре еден навистина посебен човек. Многу ќе ни недостасува“, рекла Венди.


Овој пар својата врска долго ја криел од јавноста, но заедно се појавиле на црвениот тепших на доделувањето на „GLAAD Media Awards“ во април 2017. година.


Лук пред смртта составил тестамент а како што пишуваат странските медиуми, наводно сиот имот им го оставил на децата, помладата ќерка Софи (18) и синот Џек (21) кои ги добил во првиот брак.
Јавноста била изненадена што ништо не и оставил на свршеницата која била со него во последните моменти од неговиот живот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …